Фјури – Вајлдер нема да остане без публика

Третата средба меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер нема да се одржи зад затворени врати.

Ова го изјави промоторот на Фјури – Френк Ворен. Иако сè уште не е познато каде и кога ќе се одржи трилогијата, најсилна опција во моментов е новоизградениот фудбалски стадион во Лас Вегас.

Американските власти сè уште не им дозволуваат на гледачите да присуствуваат на спортски настани, иако некои натпревари од Националната фудбалска лига беа ограничени викендов.

Иако Ворен направи неколку настани во Британија без публика, тој е решен дека меч од ваков калибар не може да се одржи без гледачи.

„Меч од вакво значење нема да се одржи без навивачи“, рече Ворен.

„Втората средба ги собори сите рекорди за приходи во Лас Вегас. Не можеме да си дозволиме да изгубиме толку пари. Имаме нужда од билети. Другата опција е борбата да се одржи во друга земја, која ќе плати солидни бонуси и ќе ја рекламираме“, рече Ворен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО