Фјури тренира со 12 пива на ден

Тајсон Фјури им се врати на старите навики и направи целосен одмор за време на преговорите за мечот со Ентони Џошуа.

Иако редовно споделува фотографии и видеа од својот тренинг на социјалните мрежи, „Кралот на ромите“ призна дека во моментов е на одмор и деновите ги поминува пиејќи пиво, конзумирајќи до 12 чаши на ден.

„Во моментов престанав да тренирам, на одмор сум. Пијам 8, 10, 12 пива секој ден. Но, јас не јадам и калориите ги добивам само од алкохол. Тренирав, тренирав, тренирав и нема напредок, па сега сум човек на задоволствата“, изјави Фјури за IFL.

Во врска со неговото враќање во рингот, Фјури сака да направи два меча во 2021 година, без никакви тврдења против кого ќе бидат.

„Дали средбата со Џошуа ќе биде решен за 10 минути? Не. Дали сметам дека порано или подоцна ќе се одржи овој меч? Да, тој мора да се одржи. Дали мислам дека тоа е мојот следен меч или е безбеден? Не. Две борби за мене оваа година, и не ми е гајле со кого ќе се борам, Џо Блогс, Фред Флинтстоун, Мајк Тајсон, кој и да е. Јас само сакам да се борам. Не го исклучувајте Дионтеј Вајлдер од равенката. Тој може да биде следниот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON