Фјури танцува на тренинг кампот пред реваншот со Кличко (ВИДЕО)

Fjuri so Plavusa

Светскиот шампион во супер тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБО, Тајсон Фјури е одлично расположен пред реваншот со Владимир Кличко. Британецот се забавува дури и за време на тренинзите, покажува видео кое самиот го шири на социјалните мрежи. На него „Цигански крал“ демонстрира „грациозни“ танцови чекори помеѓу ударите кои задава на боксерската крушка.

Во исто време Фјури му одговори и на сонародникот Ентони Џошуа кој пред еден ден изјави дека е подготвен да му помогне да ги симне непотребните 19 килограми.

„Сите тренираме со тегови, бидејќи сме боксери од тешка категорија. Но, јас никогаш нема да бидам „Мистер универзум“, а и не ми треба. Дали сте виделе убав пит бул? Јас сум борец. Роден борец. И уште сум Цигански крал. Немам потреба од мускули и не можам да ставам мускули на брадата. Претепав многу боксери со плочки, па не се грижи за тоа.

Многу поважно е дека стилот ми дозволува да се адаптирам кон секој борец и ми помага да го победам. Зошто? Бидејќи јас сум Циган, а Циганите успеваат да се прилагодат на секоја ситуација, на секоја средина“, изјави Фјури во интервју за Скај спортс.

Потсетуваме дека Реваншот Кличко – Фјури ќе се одржи на 9 јули во Манчестер (Англија).

Видеото може да го погледнете овде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON