Фјури со ултиматум до Џошуа и Херн

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури, јасно стави до знаење дека нема да чека долго за официјализирање на мега мечот меѓу него и Ентони Џошуа.

Двајцата британски боксери и нивните табори преговараат веќе неколку месеци, а Еди Херн досега постојано изјавуваше дека „следната недела сè ќе биде подготвено“.

Од ден на ден, времето поминува и нема рок за објавување на точниот датум и место на мечот, а тоа ги иритира не само навивачите, туку и самиот Фјури.

„Кралот на Ромите“ не се борел од февруари 2020 година, кога го победи Дионтеј Вајлдер. Вчера, Фјури го искористи профилот на Твитер за да ги поттикне работите.

32-годишниот Британец му даде рок на Еди Херн до 10 април (сабота), кој ќе треба да најде решение за најважните прашања – место и датум.

Претходно оваа недела, промоторот на Џошуа рече дека изборот на локација е нивна одговорност и тие треба да кажат и да се договорат за локацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON