Александар Усик кон средината на минатиот месец во Ријад со судиска одлука го победи Тајсон Фјури и така ги обедини титулите во тешка категорија. Двајцата борци закажаа и реванш за 21 декември во Саудиска Арабија, а во меѓувреме англиските медиуми објавија снимка од британскиот боксер.
Фјури е снимен во локал во близина на Моркамб. Во првиот дел од снимката се гледа како обезбедувањето во локалот се обидува да го изнесе до вратата, додека на вториот боксерот паѓа на колена.
Во островските медиуми се пишува дека за Фјури ова било првпат по повќе од една година да испие малку повеќе алкохол, па поради тоа и лошо се чувствувал.
Tyson Fury being escorted out of a bar over the weekend and ending up face down on the pavement outside of it.pic.twitter.com/oaiMLbrkDS
— EverythingBoxing (@EverythingBoxi2) June 11, 2024