Новиот крал во тешка категорија, Тајсон Фјури, одлучи да си обезбеди „скромен“ подарок.
Боксерот (27 г.) е познат по прекарот цигански крал, ќе си купи замок во Шкотска, кој ќе биде достоен дом за шампионските појаси. Ова не е нова идеја за Фјури. На почетокот тој ангажираше агенција за недвижности, но ниту една од понудите не му се допадна. Тогаш, тој си ја зема работата во свои раце, седнува во својот класичен Мерцедес S-класа и во друштво на татка му и двајца братучеди тргна сам да го бара идеалниот замок.
„Не ми беше лесно да останам незабележан, но завршивме работа“, изјави Фјури, кој веќе има фаворит – тоа е замок во областа Мори. Тој сепак побарал време за да размисли дали бараната цена од 3,5 милиони евра е фер. Фјури зеде 5,5 милиони за борбата со Владимир Кличко. Во реваншот ќе заработи многу повеќе и можеби затоа решил да го одврзе ќесето.