Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, тврди дека се разбрал за меч со Ентони Џошуа кој ќе треба да се одржи во април 2018 година. Британецот не се бореч од ноември 2015 година кога го победи Владимир Кличко на поени. Минатата сабота, пак ,Џошуа го одбрани појасот на ИБФ и ги освои уште ВБА и ИБО титулите по победата со технички нокаут против Кличко.
Фјури најави дека средбата ќе биде на 18 април, но тоа тешко дека ќе се случи, бидејќи се паѓа во среда. Сепак, објасни дека договор веќе има, иако од тимот на Џошуа не објавиле такво нешто.
Here it is folks, an exclusive (not a story based on a tweet) with @Tyson_Fury who wants @anthonyfjoshua next April: https://t.co/gsMZQdThhJ
— Danny Flexen (@DannyFlexen) May 5, 2017
Во моментов Фјури е во Марбела, каде започна со тренинзи. Тој тежеше над 150 килограми, пред да започне со тренинзите, но веќе симнал 8. Сепак, Фјури ќе има уште многу работа, додека си ја врати формата. Не се плаши од тоа што не се борел долго време.
https://www.instagram.com/p/BTqoik-Dc1D/
„Не мислам дека тоа ќе ми влијае. Владимир има 41 година, беше надвор од рингот 17 месеци и речиси успеа да го победи големиот бодибилдер. Мислев дека Џошуа ќе биде нокаутиран во шестата рунда, речиси се расплакав, тоа би ме чинело 20 или 30 милинона. Би пуштил водени топови за да го разбудам. Владимир боксираше внимателно, како и секогаш и снема воздух. Тој има 41година, тоа е спорт за млади луѓе. Ако не беше на 41, сигурно ќе го победеше. Победата си е победа, но ако Владимир беше на 100 отсто, ќе победеше. Мојата победа против Кличко беше многу подобра, многу подобро претставување како бокс. Тој не ме удри, а на Еј Џеј му упати милион удари, речиси го нокаутира. Ги покажа неговите слабости. Се надевам дека промоторот Еди Херн ќе го чува Џошуа, затоа што секој добар боксер кој нема 41 година ќе го победи. Дионтеј Вајлдер, Џозеф Паркер, сите слабаци ќе го тепаат“, рече Фјури.
https://www.instagram.com/p/BTww2z-jS31/
Тој не престанува да зборува за враќање на рингот, иако во моментов нема лиценца, а по три дена ќе биде сослушан од британската антидопинг агенција. Потоа ќе треба да зборува и пред Британската боксерска асоцијација за да добие лиценца.
„Ќе им направам предлог што не можат да го одбијат“, се пошегува Фјури, цитирајќи го „Кум“, а потоа продолжи: „Сега тренирам. Ќе се вратам на 8 јули на гала вечерта на која Били Џо Саундерс ќе ја брани светската титула против Дени Де Вито (така Фјури го нарекува противникот на Саундерс, Автандил Хурцидзе). Ќе направам неколку средби, два или три, додека го чекам Џошуа. Нема пари кај друг, го сакам Мистер Мускули. Можам да бидам најдобриот Тајсон Фјури повторно. Претходно не ми беше гајле, но сега се вмешани 30 милиони фунти. Бев сенка на себе, но ќе се вратам“, додаде Фјури, цитиран од медиумите на Островот.