Фјури се инспирира со цитат од Библијата пред борбата со Џошуа

Тајсон Фјури, шампионот во тешка категорија ВБЦ, се инспирира со цитат од Библијата. 32-годишниот боксер објави видео во кое напорно тренира за борбата со Ентони Џошуа.

Под видеото Фјури напиша цитат од книгата на Исус Христос во кој Бог им заповеда на луѓето да не се плашат. Се очекува ова лето да ја видиме борбата за обединување на појасите во тешка категорија.

Фјури и Џошуа имаат многу понуди за големата битка. Русија, Катар, САД и Саудиска Арабија се меѓу кандидатите. Ќе заработат многу, а во зима ќе ја направат втората борба.

„Ете, ти заповедам: биди силен и храбар; да не се плашиш и да не стравуваш; зашто Господ, твојот Бог, е со тебе каде и да одиш. Христос 1:9“, напиша Фјури на социјалните мрежи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО