Тајсон Фјури даде една од своите ретки цивилизирани изјави за Aлександaр Усик, признавајќи дека Украинецот успешно ги поминал сите големи имиња на британскиот бокс, а сега единствена пречка за неговата доминација е токму „Џипси Кинг“.
„Само јас му стојам на патот до целосна доминација во Европа. Ги победи сите Британци – Чисора, Џошуа, Дубоа. Јас сум единствениот што остана. Сега ќе мора да ги извади долгите пушки. Ако ме победи, а нема, нема ништо друго пред него за целосна доминација“, рече Фјури за Бокс сцена.
Александар Усик веќе еднаш стигна до неприкосновената титула во полутешка категорија, а сега во тешка категорија му недостасува само појасот на ВБЦ за да ја комплетира својата колекција. На 17-ти февруари ќе ја добие таа можност, па останува да видиме дали тоа е можно или не.