Фјури призна дека ударот на Вајлдер можел да биде смртоносен (ВИДЕО)

Тајсон Фјури призна дека ударот на Дионтеј Вајлдер со кој го собори во 12 рунда можел да биде фатален.

Британцот во борба одржана во декември 2018 година го надбоксира шампионот на ВБЦ, но двапати завршија на подот за време на борбата која заврши без победник. Пособено впечатлив беше нокаутот во последната рунда кога многумина се прашуваа како „Карлот на Ромите“ воопшто успеа да стане.

„Воопшто не болеше. Не почувствував болка. Веројатно не бев свесен”, рече Фјури за Сириус XM.

„Мислам дека кога ќе се примите удар во одредени делови на главата губите координација, ќе изгубиш сè. Тоа трае само секунда или нешто слично. Но, кога ќе станете или нозете ви се готови или сте добро, како што бев јас во таа дванаесета рунда“.

„Како што станав пополека,, исто така и не морав. Тоа беше тип на удар од кој луѓето понекогаш не се будат. Особено затоа што откако ме удари со десната рака, ме погоди и со лево кроше додека паѓав“.

„Тоа требаше да биде лека ноќ, но „Кралот на Циганите“ се крена од пепелта како Феникс и ја заврши епскаат 12 рунда. Магазинот„ Ринг “ ја прогласи за рунда на годината, така што тоа мора да била добра рунда“.

Реваншот се очекува во февруари следната година. Пред тоа, Фјури мора да го победи Ото Валин во средината на септември, а Вајлдер во ноември Луис Ортиз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON