Поранешниот светски боксерски шампион Тајсон Фјури објави дека повеќе нема да се бори во родната земја – Англија. Тој е разочаран од однесувањето спрема него од локалните навивачи.
„Велика Британија имаше своја шанса, но тие не се однесуваат добро со мене. Во САД сум како суперѕвезда”, призна Фјури. „Генерално мразам слава. Кога ќе се појавам во голем град, тоа е како кошмар. За мене задоволство е самокога сум во некоја сала. Тоа ме прави среќен. Сè друго е само должности“.
Фјури се очекува повторно да се бори во февруари. За тогаш е планиран неговиот реванш со Дионтеј Вајлдер.