Фјури пак најави победа над Вајлдер и …

Тајсон Фјури пак навести дека би можел да ја заврши кариерата кога ќе му истече договорот кој го има со ЕСПН. Според важечкиот договор, Фјури мора да учествува уште на три борби. Наредната ќе му биде најважна бидејќи во рингот за противник ќе го има Дијонте Вајлдер.

„Имам уште три борби според договорот со ЕСПН. Потоа можам да почнам да размислувам на пензија. Зошто? Затоа што веќе нема да има причини да се борам. Што повеќе можам да добијам? Кога ќе го победам Вајлдер во сабота ќе биде готово. Тоа значи дека ќе ја освојам секоја титула, секој појас што постои“, изјави Фјури. 

Дуелот меѓу Фјури и Вајлдер е закажан за 22 февруари во Лас Вегас, а минатата борба меѓу двајцата боксери која се одржа во декември 2018 година заврши без победник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON