Тајсон Фјури (30-0-1, 21 КО) повторно е шампион во тешка категорија, освојувајќи го појасот на Светскиот боксерски совет, со што ја комплетира колекцијата на титули, а и повторно го придодаде и тој на магазинот „Ринг“.
Фјури го нокаутира Дионтеј Вајлдер во седмата рунда, откако фрлија бела крпа од аголот на Американецот. Фјури два пати го испрати противникот во нокдаун, со тоа што првиот случај во третата рунда беше одлучувачки за дуелот, бидејќи по него Вајлдер се чинеше дека е исцрпен, неизбалансиран и бавен.
„Големи честитки до Дионтеј Вајлдер, тој покажа дека има шампионско срце. Го ударив чисто со десната рака и го испратив во нокаунд, но се испарви и ја продолжи битката. Тој ќе се врати и повторно ќе биде шампион. Но, можам да кажам дека кралот повторно се врати на престолот“, изјави Фјури во рингот по победата, продолжувајќи ја тенденцијата да пее песна за сите свои обожаватели.
Неговиот сегашен избор беше класиката на Дон Меклин – Америкен пај.