Фјури одби шише со вода од страв да не го издрогираат! (ВИДЕО)

Тајсон Фјури викендов го победи Деонтеј Вајлдер во фантастична борба во тешка категорија за ВБЦ појасот.

Фјури ги воодушеви сите во Лас Вегас и дојде до победа во седмата рунда откако од таборот на Вајлдер фрлија пешкир во рингот, па на судијата не му преостана ништо друго, освен да ја прекине борбата.

Но, возбудувањата продолжија и на прес-конференцијата по натпреварот, каде Фјури одби шише вода што му го даде членот на неговиот тим, Енди Ли. Тој го праша од каде му е водата, а кога Ли му покажа кој  му го дал шишето, Фјури веднаш го одби.

Ова не е прв пат Фјури да одбие шише со вода. Тоа го стори и во Германија во 2015 година, по борбата со Владимир Кличко, а подоцна објасни дека се плашел да не има некоја дрога во водата поради која би паднал на допинг тест. Очигледно, причина за одбивањето повторно е иста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО