Фјури никогаш повеќе нема да се бори

Tajson-fjuri selotejp

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури, никогаш повеќе нема да се бори, тврди водечкиот британски промотор Еди Херн. 28-годишниот Фјури по втор пат го одложи реваншот со Владимир Кличко поради психички проблеми.

Англичанецот не се бореше ниту еднаш по победата над Кличко во ноември минатата година, кога сензационално му одзеде појасите на Украинецот со победа на поени во 12 рунди.

„Титулите на Фјури ќе му бидат одземени, а по судска борба тој ќе рече: „До тука стгинав, доста ми е веќе“, реше што очекува Еди Херн од Фјури.

„Ќе биде непријатно и може да потрае цела година ситуацијата, за да се реши. Знам дека менталното здравје е деликатно прашање, но, сепак, тоа е бизнис. Светската титула во тешка категорија е многу важен дел во целиот боксерски бизнис, а сега една година никој не заработува пари од оваа титула“, објасни Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО