Фјури: Не го потценувам Вајлдер, тоа ќе му биде последната голема битка

Шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури не го потценува третиот меч со Дионтеј Вајлдер.

Во февруари се сретнаа во нивниот долго очекуван реванш, при што Фјури го нокаутира Вајлдер во седмата рунда.

По поразот, Вајлдер веднаш ја активира клаузулата за реванш.

Фјури претходната многу внимателно ја проучи борбата.

„Го гледав нашиот меч 10 пати на снимка – од почеток до крај, но и одбрани моменти, затоа што сакам да ја анализирам работата што ја направив. Сакав да видам како Вајлдер реагира на различни сценарија и работи. Направив многу добра анализа во последните неколку месеци.

Го видов секој момент кога загустуваше. Го надмудрив во сите аспекти – на гоелма дистанца, од блиску, во крошеата, во ударите. Едноставно, издоминирав. Тоа е разликата меѓу Тајсон Фјури во форма и Тајсон Фјури кога со години беше надвор од рингот“.

Во последните неколку недели се зборуваше за битка помеѓу Фјури и Ентони Џошуа, која се очекува со голем интерес.

Но, тоа сценарио ќе пропадне ако победи Вајлдер.

„Во третата средба ќе излезам уште пофокусиран од претходниот пат, затоа што ова е последната голема битка за Вајлдер, особено ако сака да си ја врати титулата.

Вајлдер овој пат ќе биде поподготвен. Треба да ја сфатам многу сериозно таа борба, посериозно од претходните два, затоа што многу шампиони имаа трилогии и само затоа што ги победуваа и пред тоа, се чувствуваа самоуверено и го потцениле противникот и третиот пат паѓаат нокаутирани или губат. Јас не сакам да влезам во таа статистика“, рече Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON