Заради секс за малку ќе останала без прилика за пласман на ОИ, следеше бизарно објаснување

Американската боксерка Вирџинија Фукс за малку ќе останела без право на настап на летните Олимписки игри во Токио, кои поради пандемијата со коронавирус се презакажани за идното лето и тоа поради – секс!?

Фукс паднала на допинг во февруари после еден турнир, откако во телото и биле пронајдени две недозволени супстанци. Но, на крајот успеала да се извлече, зашто докажала дека таа не користела допинг, туку дека позитивниот допинг-наод е плод на сексуален однос со нејзиниот партнер.

Тој користел недозволени супстанци, кои се забранети на листата на ВАДА, а преку сексуалниот однос ги пренел во нејзиното тело. Откако биле извршени испутувањата, било заклучено дека Фукс ја говори вистината и дека не се допингувала, па така шансата за олимписката виза за настап во Токио ја задржала. Сега таа преку квалификациите за учество на ЛОИ ќе се обиде да стигне до место во американската селекција.

„Ова беше голема лекција за мене и сега сум сконцентрирана само кон пласманот во Токио“, рекла таа.

https://www.instagram.com/p/B1Khyz6ll50/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО