Светскиот боксерски шампион Тајсон Фјури последниот меч го имаше во декември минатата година во Лондон кога по трет пат го победи стариот ривал Дерек Чисора.
Тоа беше третата одбрана на Кралот на Ромите на појасот ВБЦ што го освои во октомври 2021 година во реваншот против Дионтеј Вајлдер, откако нивниот прв меч заврши нерешено.
Подоцна во трилогијата Британецот уште еднаш го победи Бронзениот бомбардер со нокаут во 11-тата рунда, а потоа ги совлада Вајт и Чисора.
Во неодамнешното интервју за ЕСПН Фјури ја отфрли секоја можност за четврти меч против Вајлдер.
„Нема шанси. Па, јас веќе го победив три пати и на првиот меч бев подобар од него“, изјави Тајсон Фјури и продолжи:
„Прво го удрив во задникот, а потоа два пати го нокаутирав. Три пати го победив по ѓаволите и би бил глупав ако сака повторно да се бори со мене“.
На 28 октомври Тајсон Фјури ќе боксира во Саудиска Арабија против поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану.