Џошуа за можниот меч меѓу Усик и Хрговиќ: Украинецот е фаворит, но е во голема опасност

Поранешниот боксерски шампион Ентони Џошуа успешно ги мина последните две пречки победувајќи ги Џермејн Френклин и Роберт Хелениус и сега го чека следниот противник.

Во последниве недели многу се зборуваше за потенцијален меч меѓу Еј Џеј и Дионтеј Вајлдер, но се чини дека нешто заглави во преговорите.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, изјави дека нема да чека премногу, а за проблемите наводно се виновни Саудијците кои сакаат да организираат меч меѓу поранешните шампиони.

Сопственикот на Мечрум бокс изјави дека доколку пропаднат преговорите со Вајлдер, Џошуа би можел да се врати во рингот во декември, а како можни противници ги спомена Филип Хрговиќ и Енди Руиз.

И во едно неодамнешно интервју Еј Џеј коментираше за можна пресметка меѓу шампионот Александар Усик и задолжителниот предизвикувач на ИБФ Филип Хрговиќ.

„Хрговиќ е добар боксер и удирач, а Усик врвен боксер. Но, во боксот се може да се случи. И покрај тоа, Украинецот е фаворит, но е во голема опасност. Усик треба да победи на тој меч“, изјави Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО