Фјури најави дека за Вајт се подготвува како да е Мухамед Али или Брус Ли

Британскиот боксер Тајсон Фјури по втор пат за два месеци го брани шампионскиот појас на ВБЦ. Џипси кинг на 23 април на Вембли во Лондон ќе боксира против предизвикувачот Дилиен Вајт.

Полубратот на Тајсон, Томи Фјури деновиве изјави дека шампионот нема да има проблем со Дилиен:

„Тоа ќе биде една од полесните победи на Тајсон“.

И двајцата ги започнаа подготовките за мечот кој ќе им донесе најголема заработка во кариерата, на Вајт му се загарантирани осум милиони, а на Фјури 33 милиони долари.

Покрај рекордната такса и шампионскиот појас на ВБЦ, победникот најверојатно ќе добие и меч за апсолутент шампион во тешка категорија, откако Александар Усик и Ентони Џошуа ќе го направат својот меч.

А дека Тајсон Фјури сериозно го сфатил мечот против Дилиен Вајт, може да се заклучи од неговата објава на Твитер во која објави дека се повлекува во тренинг кампот, и никој да не му пречи во следните два месеци.

„Одам на подготвителен камп бидејќи го почитувам Дилиен Вајт. Ќе тренирам како да е Мухамед Али или Брус Ли. Никогаш во животот никого не сум потценил и тој од мене ќе ја добие сета почит што ја заслужува како врвен борец на ВБЦ ранг-листата“, изјави Тајсон Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON