Фјури му рекол на Усик дека сака да го посети во Украина

Она што му е претставено на светот е само еден дел од приказната. Сепак, нешто друго се случува зад сцената, а според признанието на менаџерот, не е толку лошо.

Тајсон Фјури изгледаше како пословичното „лошо момче“ пред неговата борба со Александар Усик. Тој ги обвини судиите за поразот и верува дека тие биле сочувствителни на Украина разурната од војната. Тешко е да се каже дали тој го мислеше тоа или тие зборови беа само дел од неговата слика за да го ублажи поразот.

Сепак, конечно мораше да се сретне со својот противник и да му оддаде должна почит. Менаџерот на Усик, Алекс Красјук, раскажа што се случувало зад сцената.

„Колку што Фјури глумеше пред камерите, беше сосема друга личност приватно. Дојде кај Александар само за да може лично да му ја честита победата. Имаа навистина добар разговор потоа.

Тајсон му рече: „Би сакал да ги донесам моите деца и сопругата кај тебе во Украина и да останам таму некое време. И би сакал, пак, да си го земеш семејството и да дојдеш во Моркам да поминеш малку време со нас. Ќе се забавуваме, ќе пиеме пиво“. На крајот двајцата се прегрнаа и се договорија да гостуваат. Во такви моменти има меѓусебно почитување и се раѓа пријателство“, откри Алекс Красиук.

Фјури ќе ја активира клаузулата за реванш и се надева дека тоа ќе се случи во октомври.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DAZN Boxing (@daznboxing)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON