Тајсон Фјури му предложи на Ентони Џошуа да се борат со голи раце оваа сабота. Покрај неговиот предлог, Кралот на Ромите понуди хонорар од 20 милиони долари. Неговите зборови доаѓаат по обвинувањата за лаги што Џошуа ги упати против него.
Кога стана јасно дека Фјури мора да се бори против Дионтеј Вајлдер, Ентони избувна со обвинувања против него.
„Светот те гледа сега заради измамата во која си. Го излажа боксот и навивачите. Ги изневери. Го користи моето име за влијание, а не за борба. Донеси ми боксер кој може да прави бизнис“, напиша Џошуа.
Ова очигледно го налути Фјури, кој брзо реагираше.
„Вашиот тим знаеше дека има арбитража што е надвор од мојата контрола. Но, затоа што велите дека сум измамник, ајде да се бориме со голи раце оваа сабота, додека еден од нас не се откаже. Ајде да се обложиме на 20 милиони“!, напиша Фјури.
not going in to the details on line!
you’ll slap me about will you dosser please come and try Bum, i’m waiting… Femi AKA Bottlejob! 24/7 365. Ready. i’ll smoke wilder first then you will get yours aswell. #GK https://t.co/Led1X54PhS— TYSON FURY (@Tyson_Fury) May 19, 2021
Џошуа не му остана должен.
„Ако имаше арбитража, зошто му објавивме на светот дека ќе се бориме? Битката е потпишана!
Голи колкови? Ти си добро момче, не си играј со мене. Ќе ти ја плеснам ќелавата глава и нема да направиш ништо“.