Фјури му го врати ударот на Џошуа: Ќе дојдам и ќе ти го смачкам лицето, иако сум 150 кг (ВИДЕО)

Тајсон Фјури успеа да го испровоцира Ентони Џошуа, откако светскиот шампион испрати нецензурирана порака од „Кралот на циганите“.

https://www.instagram.com/p/BbRbcxylx6l/

 Џошуа го предизвика Фјури кој не боксирал по победата над Владимир Кличко во ноември 2015 година, кој на Твитер напиша:„Тајсон Фјури влезе во форма, ебан дебелко“.

Поради ова Фјури преку видео порака му порача на Џошуа.

„Ова е порака до кревачот на тегови, големиот Енрони Џошуа, големиот маж кој ми рече: „Влези во форма, дебелко“. Тоа е нешто ново, тој обично не пцуе и се обидува да се направи таков каков што всушност не е. Сакам да кажам дека ќе се справам со тебе пријателе, дури нема потреба да влегувам во форма. Јас се уште можам да дојдам и да ти ја променам фацата, иако тежам 150 килограми“.

https://www.instagram.com/p/BbR5-5ZjN1c/

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО