Фјури му го продолжи рокот на Џошуа за потпишување на договорот: Тоа е твојата последна шанса, кукавицо

Британскиот боксер Ентони Џошуа ги имаше последните два меча против Александр Усик и ги загуби. Украинецот минатата година му ги одзеде шампионските појаси на ВБА, ВБО и ИБФ, а минатиот месец беше подобар во реваншот.

Без разлика на тие порази, Еј Џеј доби шанса да се бори против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури. Џошуа се согласи со условите на Фјури, но допрва треба да потпише договор.

Наскоро треба да се знае дали натпреварот воопшто ќе се одржи, а борбата е најавена за 3 декември во Кардиф.

Џошуа го пропушти рокот за потпишување на договорот што го постави Кралот на Ромите во понеделник, но засега нема официјална потврда дека мечот нема да се одржи.

Сега Фјури призна дека Френк Ворен го убедил уште да не го отпишува Џошуа.

„Добро, Ентони Џошуа, од каде да почнеме? Значи, рокот беше во понеделник. Зборував со Френк Ворен и ме убеди да го пролонгирам рокот за уште неколку дена“, рече Тајсон Фјури во видео пораката на Твитер и продолжи:

„Денеска е четврток. Иако знаев дека нема да го потпишеш договорот, му дозволив на Франк да продолжи со преговорите со твојот тим, а на иста маса се претставници од БТ Спорт, ДАЗН и ЕСПН. Сите се подготвени за рокенрол. Вашиот тим бараше многу. Сакавте да бидете копромотори и јас реков: „Дајте им го тоа. Нека бидат копромотори. Сакавте целосна транспарентност иако не можевте да бидете рамноправни во таа приказна и знаете што реков на тоа? „И дајте им го тоа. Немам што да кријам, не сакам никого да ограбувам“.

Фјури уште еднаш го потсети Џошуа дека договорот е со него повеќе од десет дена и го чека неговиот потпис.

„Имаш сè, се е чисто и фер. Џошуа, топката е навистина на твојот терен, синко. Навистина е готово. Ако си маж и имаш малку достоинство и гордост, денес ќе потпишеш договор. Тоа е тоа. Нема повеќе денови, недели, месеци“, рече Тајсон Фјури и заклучи:

-Договорот е кај тебе повеќе од две недели и се уште не си го потпишал. Покажи им на сите дали навистина си голема кукавица. И знам дека си, затоа не го потпишувај договорот. Не ми е гајле дали ќе го потпишеш или не, не ми е гајле. Ти си претепан, а јас сум светски шампион“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON