Фјури: Ми треба психолог бидејќи не можам да престанам да боксирам

Британскиот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, објасни зошто се уште не се повлекува од боксот.

Само оваа година Фјури неколку пати објави дека се повлекува од боксот, но тоа не траеше долго. „Џипси Кинг“ моментално се подготвува за борба која ќе се одржи во декември. Тајсон ќе го објави името на неговиот следен противник некаде оваа недела.

Фјури верува дека му треба психолог бидејќи не може да се повлече од боксот.

„Не можам да заминам и можеби ќе ми треба психолог. Некој кој може да ми помогне затоа што мислам дека ми треба психолошка помош за да се ослободам од сето ова.

Ако ме прашате зошто боксирам, тогаш ќе кажам дека немам цели и амбиции во боксот.

Боксирам затоа што чувствувам дека ми треба бокс за да го задржам мојот разум. Секој ден се борам за опстанок. И не знам дали можам да преживеам без професионален бокс.

Бев надвор од рингот четири месеци, но тренирав два пати дневно, седум пати неделно“, изјави борецот во интервју за Јутјуб каналот Зад ракавиците.

Очигледно на Фјури му треба бокс за да не падне повторно во депресија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО