АктуелноБоксПрофесионален

Фјури: Кралот се враќа

„Драго ми е што се вратив во спортот. Моето срце отсекогаш било и секогаш ќе биде во боксот. Нека му каже некој на кралот дека асот се враќа, рече Британецот.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, официјално го коментираше своето враќање на професионалниот ринг и не ги криеше емоциите за новиот почеток.

„Драго ми е што се вратив во спортот. Моето срце отсекогаш било и секогаш ќе биде во боксот. Нека му каже некој на кралот дека асот се враќа, рече Британецот.

Порано денес беше објавено дека Фјури ќе се соочи со Русинот Арсланбек Махмудов на 11 април во Велика Британија – борба која веќе предизвикува сериозен интерес кај фановите на тешката категорија.

И Махмудов го коментираше претстојниот судир и покажа самодоверба пред средбата со познатиот противник.

„Доаѓам да започнам војна. Тајсон Фјури беше голем шампион. Ќе бидам поподготвен за кога било и имам намера да го напуштам рингот со голема победа“, рече тој.

Саудискиот министер и влијателен промотор Турки Алалшик, кој е меѓу главните двигатели на враќањето на Фјури, исто така ја поздрави веста.

„Воодушевени сме што Тајсон одлучи да се врати од пензија за она што се очекува да биде возбудлив меч во тешка категорија против Махмудов“, рече Алалшик.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON