Фјури ќе се подготвува за нов спектакал со Џошуа до крајот на годината

Тајсон Фјури го претепа Дионтеј Вајлдер во седум руди во синоќешната борба во Лас Вегас и го освои шампионскиот појас во ВБЦ-верзијата , па еден од најпознатите промотори Еди Херн веќе го најави новиот спектакл – Фјури против Ентони Џошуа.

Боксерскиот свет со нетрпение ја очекува борбата на Фјури и Џошуа, а Херн потврди дека Џошуа сака следниот меч да му биде токму со „Кралот на Циганите“.

„Јас веќе разговарав со „Еј-Џеј“ и тој сака следната борба да биде со Фјури“, рекол Херн за „Ток Спорт“. „Секако дека сакаме таква борба, ентони го сака тоа. Оваа борба ќе се случи и тоа годинава“, додал тој.

Џошуа во декември ги поврати загубените трофеи во ИБФ, ВБА; ВБО и ИБО верзиите по триумфот над Енди Руиз и сигурно е дека борбата со Фјури би била спектакл на деценијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON