Фјури ќе добие големи пари за настапот во ВВЕ

Излетот на Тајсон Фјури во професионалното борење (кечерството) ќе биде обилно наградено.

Британските медиуми објавива дека поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија за неговиот прв меч за Светското борењ за забава на 31 октомври против Браун Строуман во Саудиска Арабија ќе биде платен неверојатни 15 милиони долари.

Фјури е заинтересиран и за продолжување на кариерата во ВВЕ/ WWE каде му отвораат мечеви со поранешниот шампион на УФЦ, Каин Веласкез и Брок Леснар.

ВВЕ добива 40 милиони долари од Саудиска Арабија за секој настан во таа земја. Најголемата про-врестлинг промоција се најде на удар поради одржување на настани во таа земја по убиството на новинарот Џамал Кашоги и бројни прекршувања на човечките права, но не се откажа од настан во Саудиска Арабија.

Фјури во февруари треба втор пат да боксира против Дионтеј Вајлдер, а „Дејли мејл“ објави дека веќе постојат планови за трета борба која би требало да се одржи иднотоп лето во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО