Фјури: Кариерата на Вајлдер ќе завршеше, ако не ја прекинеа борбата

Шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури смета дека Дионтeј Вајлдер треба да му биде благодарен на неговиот тим што го прекина нивниот меч во февруари со фрлање на крпата во рингот во седмата рунда.

Пред тоа да се случи, Фјури зададе два удари во многу убедлив меч против Вајлдер, кој не успеа да ја покаже својата деструктивна моќ.

„Мислам дека нешто лошо можеше да му се случи ако го оставеа во борбата. Не можеше соодветно да се одбрани. Тој не победи во ниту една рунда и беше многу лошо погоден“, рече Фјури и додаде: „Имаше голем оток на главата. Треба да му ја зголемат платата на Марк Бренланд, затоа што ако не ја фрлеше крпата, тој сега немаше да има трет меч. Вајлдер ќе требаше да се повлече од боксот.

Тоа е улогата на луѓето во аголот – да ве заштитат. Но, мислам дека го оставија во борба премногу долго“.

Фјури одговори и на шегата на Вајлдер дека не е светски шампион.

„Не знам на какви наркотици е, но мислам дека тој беше шампион пред да го победам … Ако сега не сум шампион, тогаш што беше тој прретходно? Мислам дека беше шампион 5 години со 11 одбрани, а јас го раскинав на парчиња. Му ја зедов титулата, така што можеби малку му е криво “.

Вајлдер и Фјури ќе се сретнат по трет пат оваа зима.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО