Фјури: Јас сум победникот. Неговата земја е во војна, па му ја дадоа победата. Баш лошо

Александар Усик го победи Тајсон Фјури со поделена одлука во феноменалната борба на векот и ги обедини сите титули во тешка категорија. Двајца судии ја бодуваа борбата 115-113 и 114-113 во корист на Усик, додека еден судија даде 114-113 во корист на Фјури.

Британецот, кому ова му е прв пораз во кариерата, не беше задоволен од судиската одлука и верува дека ја заслужил победата.

„Мислам дека јас сум победникот во оваа борба. Тој победи неколку рунди, но јас победив повеќе. Но, неговата земја е во војна, па тие застанаа на негова страна и му ја дадоа победата. Ова беше една од најлошите одлуки во историјата на боксот.

Сега ќе одмориме малку, а потоа ќе се видиме на реваншот во октомври. Јас сум победник во оваа борба, но нема да седнам сега, да плачам и да барам изговори. Ќе се вратам и одиме повторно во рингот“, изјави Британецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON