Фјури: Изгледа, пак ќе треба да му ја скршам главата на Вајлдер

Шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури се осврна на неочекуваните настани во кои се вклучени тој и Дионтеј Вајлдер.

Фјури во финална завршница на зделката за меч со Ентони Џошуа во август, но вчера Арбитражниот суд во САД донесе одлука Тајосн најдоцна до 15 септември да се сретне со Вајлдер.

Фјури изјави дека е подготвен по трет пат да се соочи со Вајлдер.

„Во каква смешна ситуација се најде Дионтеј Вајлдер. Сака 20 милиони да се отспати за да одржи борбата со Џошуа. Изгледа дека ќе треба повторно да му ја скршам главата”.

Се чини дека овој реванш може да се одржи на 24 јули, за кога Боб Арум резервира огромен стадион во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО