Тајсон Фјури (28-0-1, 20 КО) во рингот во Лондон го следеше поразот на неговиот братучед Натан Горман од Даниел Дубоа, во мечот за британската титула.
Непоразениот Фјури во рингот треба да се врати на 5 октомври, а името на противникот се уште не е познато.
Посакуваниот противникот би требало да биде Американец, а веќе одамна се спомнува Џарфел Милер, но не е сигурно дека е вистинско време за борба со него, толку рано по допинг скандалот во очи на откажаната борба со Ентони Џошуа.
„Се враќам во октомври, ги гледам потенцијалните противници. ЕСПН сака да се борам со Американец. Им го предложив да Џарел Милер. Тој е непоразен и високо на ранг листата“.
Прашање е дали Милер може да добие лиценца за настап, а во игра е уште еден њујоршки боксер, привремен шампион на ВБА во тешка категорија.
„Секогаш е тука и Тревор Брајан (20-0, 14 КО). Исто така непоразен и има ВБА појас. Јасно, потоа следи Вајлдер, но тоа е закажано за февруари, а нам ни треба противник за октомври. Ако сте Американец и имате добар скор, дојдете да ме посетите. „Кралот на Ромите“ ќе ви даде работа“.
Фјури веќе го договори реваншот со Дионтеј Вајлдер за февруари 2020 година. Шампионот на ВБЦ во меѓувреме ќе направи уште една борба. Во септември по втор пат ќе се бори со Луис Ортиз.
30-годишниот Фјури во последната борба во средината на јуни во Лас Вегас со прекин во втората рунда го победи Германецот Томас Шварц.