Фјури го победи Пјанета, Вајлдер го најави мечот со Кралот на Циганите (ВИДЕО)

Тајсон Фјури (26-0, 19 КО) на стадионот во Белфаст го победи Франческо Пјанета (35-4-1, 21 КО) и го најави мечот за светската титула против Дионтеј Вајлдер.

30-годишниот Британец лесна ја доби секоја од 10 рунди во вториот меч по враќањето рингот – 100- 90.

По борбата од публиката можеа да се слушнат звуци на негодување, но Фјури изјави дека одлучил да оди до крај за да собере дополнителни рунди пред борбата за светската титула.

По победата во рингот се качи шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер и официјално ја најави нивната меѓусебна борба, која би требало да се одржи кон крајот на годината во Лас Вегас.

Фјури и вети на публиката дека ќе го нокаутира Вајлдер и ќе го брани појасот во Белфаст.

https://youtu.be/mlanuNUyDMM

https://youtu.be/anw9cjRq8AY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО