Фјури ги истрола најголемите ривали со божиќна честитка до фановите (Фото)

Тајсон Фјури го искористи Божиќ за уште еднаш да ги истрола своите најголеми ривали, па неговата фотографија очекувано стана хит на социјалните мрежи.

Божиќната слика покрај елката вообичаено би била исполнета со Фјури и неговото семејство, но во случајов лицата на неговите шест деца се заменети со боксерите кои секогаш сака да ги провоцира.

На фотографијата се Ентони Џошуа, Дилиен Вајт, Владимир Кличко, Дионтеј Вајлдер и Дејвид Хеј, во друштво на насмеаниот Фјури кој изминатиот период доминираше во боксерската тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО