Носителот на појасот на ВБЦ, Тајсон Фјури, се огласи на социјалните мрежи за да ги информира фановите дека рокот што му го даде на Ентони Џошуа (што беше вчера до 17 часот) да го потпише договорот за нивната борба на 3-ти декември истече.
Ако Фјури е сериозен, тоа би значело дека мечот против Џошуа пропадна, а тој се врти кон нов противник, а тоа би бил Мануел Чар.
Промоторот на Џошуа, Еди Херн, верува дека Чар бил противникот кој Фјури го посакувал цело време.
Имено, планот на Фјури е меч против Александр Усик, кој неодамна во реваншот го совлада Еј Џеј и ги одбрани шампионските титули на ВБА, ВБО и ИБФ.
Борбата за апсолутен светски шампион би можела да се договори во февруари или март следната година.
„Денеска е Денот Д, помина 17 часот, а договорот не е потпишан. Завршена приказна со Џошуа. Заборавете на таа борба, тој е идиот и кукавица“, изјави вчера Тајсон Фјури.
Изгледа дека Кралот на Ромите цело време цели кон меч против Чар во декември, бидејќи веројатно е полесен противник од Џошуа, а потоа може да почне да се подготвува да се бори со Усик за обединување на шампионските појаси во тешка категорија.
"Forget about it! Idiot. Coward." 🤬
Tyson Fury says deadline day has struck and the fight between him and Anthony Joshua is now OFF ❌
📹: @Tyson_Fury pic.twitter.com/roGUUzjinF
— Boxing on TNT Sports (@boxingontnt) September 26, 2022