Фјури: Џошуа е пропаднат човек, Вајлдер ќе го нокаутира

Тајсон Фјури не е импресиониран од изведбата на Џошуа против Паркер.

Британцот пред 78.000 гледачи на стадионот на Кардиф му го нанесе првиот пораз на Новзеландецот во неговата кариера и му го зеде ВБО појасот, но одработи тактички меч, веројатно внимавајќи да не ја загрози потенцијалната борба со Дионтеј Вајлдер.

„Џошуа и Паркер се двајца тапанари, пар на пропаднати луѓе. АЏ не е суперѕвезда, јас сум тој. Би можел да победам Џошуа во повратничкиот меч. Тие не се доволно добри ниту да ми бидат спарринг партнери. Тоа беше еден куп срања. Џошуа е прпаднат човек. Би го п ратил на „спиење“. Со причина постои само еден Тајсон Фјури“, изјави поранешниот светски шампион.

„Тоа беше срање од борба“. Посерена борба од двете страни. АЏ, те молам, не се бори со Вајлдер, затоа што ќе нокаутира“.

https://youtu.be/EhFN6O69thk

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО