Фјури: Ако знаев дека губам, ќе го нокаутирав Усик

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија Тајсон Фјури (34-1-1) изјави дека мислел оти ја добива борбата со неприкосновениот светски шампион во тешка категорија, од неодамна, Александар Усик (22-0).

„Секогаш велам дека најважно е да заработите пари и да се забавувате. А ние направивме така. Фала Александар за добрата борба. Беше тесна борба, знаеш? Мислам дека направив доволно за да победам, но судиите одлучија поинаку. Не можам да судам за борба додека се борам. Да ми рече пред последната рунда „Ги губиш, излези и обиди се да го завршиш“, ќе го направев тоа. Но, сите во аголот веруваа дека победувам“, изјави Фјури на прес-конференција.

Усик го победи Фјури и стана неприкосновен светски шампион во тешка категорија, освојувајќи шест појаси: четири големи (ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ, ВБО) и два помали (ИБО и Ринг). Така, Усик стана првиот неприкосновен светски шампион во тешка категорија по Ленокс Луис (41-2) во 2000 година, а исто така и првиот во ерата на четири појаси. Пред тоа, во ерата со три појаси, само Ивандер Холифилд (44-10) беше неприкосновен светски шампион во тешка категорија.

Борбата се одржа на 19 мај во Кингдом арената во Ријад, Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО