Фјури: Ако јас го тренирам Џошуа ќе го победи Усик

Британскиот боксер Тајсон Фјури на сонародникот Ентони Џошуа му понуди да му биде тренер пред реваншот со украинскиот боксер Александар Усик. Џошуа пред две недели ги загуби шампионските појаси во ВБА, ИБФ и ВБО верзиите во тешка категорија, во борба на стадионот на Тотенхем во Лондон пред околу 70.000 гледачи.

Реваншот меѓу Британецот и Украинецот би требало да се случи наредната година, а дотогаш Фјури е подготвен да му помогне на Џошуа да се подготви за оваа борба и да победи.

„Ако јас го тренирам Џошуа за таа борба со Усик, верувам дека ќе победи, изјави Фјури и додаде:

„Му ги понудив моите услуги да го тренирам за реваншот и му гарантирам дека ќе победи, но тогаш нема да можам да му помогнам пред дуелот со мене“.

Фјури шампионскиот појас во тешка категорија на ВБЦ ќе го брани против Американецот Дионтеј Вајлдер на 9 октомври. Доколку ја сочува титулата, а Џошуа победи во реваншот со Усик, љубителите на боксот ќе идат сведоци на долго најавуваниот дуел на двајцата Британци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON