Финансискиот советник призна дека го крадел Мајк Тајсон

majk tajson so nozevi

Поранешниот финансиски советник на суд призна проневера на милиони долари од четири клиенти, а еден од нив е Мајк Тајсон.

Покрај познатиот боксер оштетен е и поранешниот НБА Ол-стар играч Глен Рајс.

55-годишниот Брајан Оранд од Чикаго се изјасни за виновен во Федералниот суд во Вашингтон.

Во спогодбата со која ја призна вината Оранд ја потврди кражбата на пари од своите познати клиенти. Работодавачот на Оранд ја надомести штетата на оштетените.

Оранд го чека казна затвор меѓу 33 и 41 месец. А ќе мора да плати и отштета.

Обвинителството тврди дека ја искористил дури и смртта на ќерката на Тајсон, со цел да прикрие некои траги од кражбата. Призна дека користел лажни чекови, илегална употреба на кредитни картички и парични трансакции, за да украде пари од Тајсон и преостанатите тројца во периодот од 2006 до 2011 година.

Државниот обвинител рече дека од сметките на Тајсон на тој начин земал најмалку 265.000 долари. Вкупно од Тајсон украл 546.168 долари, а боксерот во тужбата изјави дека имал толку многу доверба во него што го поканил на неговата венчавка.

Во осудителната пресуда стои дека Оранд парите ги трошел за коцкарски долгови, престој во хотели, на забар, солариуми, облека, ресторани и школарината за приватно училиште за роднината на неговата девојка.

На Оранд му е забрането да работи во финансискиот сектор и мора да плати 971.000 долари парична казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО