Финалните подготовки за СП се во Радовиш, Митров и Зубаиров со мали повреди!

reprezentacija borenje podgotovki za las vegas

Репрезентацијата на Македонија завршните подготовки за Светското првенство во борење во Лас Вегас, САД, ги изведува во Радовиш, откако беше реализирана втората фаза во бугарскиот спорстки центар „Тетевен“.

Во Радовиш се Дејан Митров, Јасин Реџелари, Халил Зубаиров, Бобан Данов, како и Лабазан Аскербиев, кој ќе има право на настап за Македонија од 2016 година и ветеранот Трајан Ангелов (53 години) кој се подготвува за Светското првенство за ветерани во Атина.

Со репрезентацијата работат селекторот Лулзим Вренези и тренерите Николај Корнеев и Тони Танчев. Викендов ги посети претседателот на Федерацијата за боречки вештини на Македонија, Ванчо Чифлиганец.

Зубаиров има повреда на прстот, а Митров на коленото.

Нашиот претставник во грчко-римски стил, Тимур Хамикоев, се подготвува во Русија и од таму ќе патува за СП.

СП започнува на 12 септември и ќе трае до 17, а нашите репрезентативци ќе отпатуваат во две групи на 5 и 8 септември.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON