Филмската ѕвезда Мики Рурк ќе се бори во март

Miki rurk povtorno

Холивудската ѕвезда Мики Рурк може повторно да ги наметне боксерските ракавици меч во Урал (Русија).

Веста ја потврди менаџерот Вадим Корнилов, кој се грижи за настапите на Американецот. Во моментов актерот тренира во салата на Фреди Роуч, која се наоѓа во Лас Вегас. Објектот беше купен пред години од Рурк и оставен на тренерот.

„Главната борба на галавечерте ќе биде со Егор Мехонцев“, изјави Корнилов и додаде: „Мики се подготвува секој ден. Сака да се бори и прашува дали може да се вклучи во шоуто“.

Во ноември 2014-та година Рурк се качи на боксерскиот ринг на официјален меч. Се сретна со ривал кој симулирал отпор. Како резултат на тоа навивачите и медиумите коментираа дека средбата била наместена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON