АктуелноДомашна сценаКарате

Филип Стојанов и Јован Арсов од Партизан-Кочани ќе атакуваат на медали на Балканското карате првенство

На Балканското првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори (У-21) во Риека, Хрватска, од 7 до 9 ноември, Партизан од Кочани ќе го претставуваат двајца каратисти, како дел од репрезентацијата на Македонија.

Боите на Македонија ќе ги бранат Филип Стојанов (-84 кг) во У-21 и Јован Арсов (+70 кг) во кадетска конкуренција.

Филип Стојанов е искусен, бидејќи има настапи на европските првенства, но, од друга страна, Балканското првенство е од големо значење за него, затоа што успешно заздраве од повредите добиени во несреќата во дискотеката „Пулс“ и имаше успешни подготовки во Црна Гора. Филип е подготвен да се вмеша во борбата за медали. Тој е балкански вицешампион во јуниорска конкуренција.

Јован Арсов е млад натпреврувач кој сака да се докажува на меѓународната карате сцена, но и да ги надмине резултатите на неговиот татко Благојчо Арсов, кој работи како тренер во Партизан. Ова му е втор настап на балканските првенства и сака да се претстави во најдобро светло, односно да се замеша во борбата за медалите.

Македонија на Балканското ќе настапи со 74 каратисти, односно 76 натпреварувачки влезови. На првенството учествуваат 1230 каратисти со 1293 натпреварувачки влезови од 13 држави.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON