Филип Иванов – претседател на ЏФМ: Прва цел е зголемувањето на препознавањето на џудото во Македонија!

Филип Иванов на изборното Собрание на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) ја доби довербата на мнозинството делегати и во четиригодишниот мандат ќе ја води Федрацијата.

Иванов е поранешен џудист на Пелистер од Битола, во периодот од 1976 до 1985 година, каде што тренира кај мајсторот Ѓуро Илиќ. Потоа поради студиските обврски ја менува средината и доаѓа во Скопје, но една повреда во 1985 година го оддалечува од татамито, односно натпреварувањата.

Сепак, со џудото останува да се занимава и пред изборот за претседател на ЏФМ е прв човек на ЏК Миоки од Скопје, за што вели:

„Бев претседател на Миоки во периодот кога ги постигнавме најголемите успеси во историјата на македонското џудо. Тоа ме поттикна да се канидирам за претседател на ЏФМ. Потоа унапредувањето на соработка со претседателот на Светската џудо федерација и самата Федрација. А, сознанието дека во Македонија има една генерација која е подготвена за врвни достигнувања и која ќе биде мотив за наредните генерации да ги надминат нивните успеси, дополнително ме мотивираше“.

Претседателот на ЏФМ како прва цел си ја поставил зголемувањето на препознавањето на џудото во Македонија.

„Ова мораме да го направиме, затоа што џудото го нема статусот во нашата земја како некои други спортови. Џудото заслужува да биде повеќе експонирано во медиумите и препознатливо меѓу луѓето, затоа што како спорт го заслужува тоа, бидејќи влијае врз комплениот психо-физички развој на една личност. Една од основните цели е отворање на веб страница на Федерацијата. Потоа, изработка и реализација на ПР стратегија чија основна цел е зголемување на присутноста на џудото во спортските медиуми. Од друга страна, ќе гледаме да привелечеме што повеќе спонзори, за да се озбезбедат средства, и со оние од Агенцијата за млади и спорт (АМС), што ги добива нашата федерација, ќе овозможат реализација на плановите за работа на ЏФМ“.

 

Во овој момент во нашата држава има млада и перспективна генерација која може да оствари дрбри резултати на меѓународен план, но тоа нема да може да се реализира без концепција на ЏФМ.

„Затоа ја спомнав програмата за работа, таа ги содржи сите неопходни елемнти за продолжување на нагорната линија на успеси на македонската репрезентација, но и нивната работа во матичните клубови. Ова подразбира заедничка стручна подготовка и работа со соодветните структури на ЏФМ. Вака концепираните работи ни даваат верба дека успесите од претходните години ќе бидат надминати. Ова посебно важи за кадетската и јуниорската селекција“.

Во овој момент во Македонија нема лига-натпреварување, затоа едно од прашањата кои се наметнуваат на ова раководство е дали ќе се воведе „џудо лига“.

„Првата година од моето претседателствување ќе биде посветена и на правење на детална анализа за потенцијалот и можностите за формирање на лига, како еден од предусловите за постигнување на врвни резултати“.

Олимписките игри во Рио 2016 година влегоа во историјата на македонското џудо, бидејќи за прв пат настапи македонски џудист, Катерина Николоска. Таа учеството го обезбеди преку вајлд карта. За овој циклус за ОИ во Токио 2020 Арбреша Реџепи користи олимписка стипендија. Сепак, вистинското прашање е дали за ОИ во Париз 2024 година нашите џудисти можат по регуларен пат да оставрат норми, па и да освојат медал, бидејќи имаме талентирана генарцаија која бара внимание.

„Да, ќе имаме! Во соработка со Македонскиот олимписки комитет (МОК) добивме една олимписка стипендија и сметам дека Арбреша е сериозен кандидат за ОИ во Токио“.

Се чини дека на ЏФМ и фали и поголем стручен кадар, затоа и стручното усовршување би било неопходно за успесите.

„Дел од програмата предивидува и стручно усовршување (џудо работилници, семинари) за тренери и судии, кои се составен дел на џудото. Во соработка со ИЏФ и ЕЏФ ќе ги праќаме и ќе организираме семинари, тренинзи, кампови и други видови на обуки. Ќе испраќаме тренери на курсеви што ги организираат овие институции на светско ниво. Една од најважните работи на едукацијата е и зголемувањето на транспарентноста на работата на стручните тела преку споделување на сите информации кои што стигнуваат од ЏФМ“.

Од една страна ЏФМ не може да се пофали дека во изминатиов период имаше добри односи меѓу чинителите на џудо спортот во нашата земја. Сигурно, дека оваа состојба не е помалку значајна од останатите и нејзино елиминирање.

„Примарна работа што ќе ја направам е да ги посетам сите клубови и со УО преку рагзовор да видиме кои се причините за негативното однесување. Ќе имаме практика на седниците на УО да присуствуваат и претседателите на клубовите, што се вклопува во моите планови за потранспарентно работење. А со дружење на луѓето да се надминат претходните негативни искуства. Се разбира, овој начин на работа подразбира поддршка и желба за соработка од сите засеганти страни, инаку се би било бессмислено. Во оваа прилика јавно ги поканувам сите заинтересирани да се вклучат во работата на ЏФМ. Една од задачите е и зголемување на членството, како во светски рамки“.     

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО