Хрватскиот боксер Филип Хрговиќ го доживеа првиот пораз во кариерата. Хрватот загуби со прекин во осмата рунда од Британецот Даниел Дубоа на големиот настан „5 на 5“, промоцијата на „Мечрум“ против Квинсбери во Ријад.
Дубоа беше многу убедлив против Хрга, кој со овој триумф го освои привремениот шампионски појас на ИБФ.
Хрговиќ добро влезе во мечот и во првите две рунди како да ја контролираше борбата. Но, Дубоа полека ја вртеше водата на својата воденица и неговите удари стануваа се попрецизни.
Над десното око на Филип беше направена расекотина што почна да му прави проблеми. Веќе во четвртата рунда можеше да се забележи дека борбата не оди во вистинска насока за Ел Анимал.
По малку посмирената петта рунда, во продолжение Дубоа тргна поагресивно, а со силни и прецизни удари продолжи да го удира Филип, кој се потешко се бранеше.
Хрговиќ веќе во седмата рунда изгледаше како да се мачи да стои на нозе, а заработи расекотина над другото око.
Во осмата рунда судијата го прекина мечот за докторот да го прегледа Хрговиќ, а по неговата интервенција борбата беше прекината.
Хрватскиот боксер го доживеа првиот пораз по 17 професионални победи.
Други натпревари:
Дмитриј Бивол го победи Малик Зинад со технички нокаут во шестата рунда и го одбрани појасот на ВБА во полутешка категорија.
Хамза Шираз го совлада Остин Вилијамс со прекин во 11. рунда во мечот во средна категорија. Квинсбери води против Мечрум со 6:0.
Во крајно неизвесна средба, Ник Бол го победи Рејмонд Форд со поделена одлука во мечот за појасот на ВБА во перо категорија. Двајца судии бодуваа 115-113 за Бол, а третиот му даде предност на Форд (115-113). Квинсбери води со 2:0.
Вили Хачинсон го победи Крег Ричардс со едногласна одлука (119-109, 117-111, 116-112) во мечот во полутешка категорија и го освои првиот поен за Квинсбери.