Филип Хрговиќ го дозна името на својот нов противник. Најдобриот хрватски боксер се враќа во рингот на 12 август во лондонската О2 арена против непоразениот австралиски нокаутер Демси МекКин. Предводник на настанот ќе биде борбата меѓу Ентони Џошуа и Дилиен Вајт.
Последниот меч на Хрговиќ беше во август минатата година кога со едногласна одлука на судиите го победи Жилеј Жанг и со својата 15-та победа го доби статусот задолжителен предизвикувач на ИБФ.
Еди Херн неодамна изјави дека 32-годишната Демси МекКин, кој досега имаше 22 борби (14 борби завршија со нокаут), веројатно е следниот противник на Филип.
„ Мечот меѓу Хрговиќ и МекКин е голема борба, речиси елиминација за титулата светски првак“, изјави Еди Херн.
Сега и официјално е потврден мечот меѓу Хрговиќ и МекКин.
View this post on Instagram