Филип Хрговиќ победи по дванаесет исцрпувачки рунди и стана задолжителен предизвикувач на ИБФ

Филип Хрговиќ ја извојува 15-та професионална победа. Најдобриот хрватски боксер со едногласна одлука на судиите на големиот настан во Џеда го победи Кинезот Жилеи Жанг.

Хрватскиот борец на тој начин стана предизвикувач на шампионот на ИБФ и може да добие шанса да се бори со подобриот од Александр Усик – Ентони Џошуа.

По 12 исцрпувачки рунди Хрговиќ ја оствари најголемата победа во кариерата, а по 24 победи и едно реми му го нанесе првиот пораз во кариерата на Жанг.

„Јас сум воин, тоа беше за татко ми кој почина пред неколку месеци. Перо Хрговиќ, посебен човек. Тој и мојата убава сопруга Маринела беа таму со мене. Беше со мене на тренинг кампот, добив енергија од неа“, изјави Филип Хрговиќ.

Првото полувреме му припадна на Кинезот кој во првата рунда го собори Филип. Но, Хрговиќ веднаш стана и го продолжи натпреварот.

Жанг продолжи да погодува и со одлични комбинации му создаваше проблеми на хравтскиот тешкаш. Но, како одминуваше натпреварот, Филип го засили темпото.

На средина од мечот Хрговиќ беше подобар, а Жанг се гледаше како потешко дише.

Во последните рунди Филип се разбуди и стануваше се поконкретен.

Во единаесеттата рунда Хрговиќ се најде во неволја, но се извлече. На крајот од мечот судиите му дадоа предност на хрватскиот боксер, кој сепак остана непоразен.

Публиката негодуваше, бидејќи сметаше дека Кинезот е подобар, но мора да се каже дека беше многу тесно. И двајцата имаа моменти на мечот кога имаа многу лош говор на телото, но и кога блескаа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON