Филип Хрговиќ ќе му помогне на Владимир Кличко во намерата да си ги врати светските титули во реваншот со Тајсон Фјури.
Хрватскиот супертешкаш ќе помине десет дена во спаринзи со Украинцот во Австрија.
Кличко сакаше да го доведе и Роберт Хелениус, но Финецот ја прифати поканата на Фјури и отиде да работи со него во Амстердам.
И за првата борба Кличко и Фјури бараа сличен профил на борци, тоагаш на „Д-р Стилхамер“ имаше поголем избор, додека Фјури се потре на помошта на кикбоксерите Рико Верховен и Бенџамин Адегбуји.
Возвратниот натпревар меѓу Фјури и Кличко ќе се одржи на 9 јули во Манчестер.