Филип Додевски со бронзата на Европските таеквондо игри во Пловдив се вклучува во трката за олимписка норма (ФОТО)

Филип Додевски е вториот сениор од Македонија што освоил медал од Г-1 ранг,по Дејан Геооргиевски. Денеска Додевски на првите Европски игри во таеквондо во Пловдив, Бугарија, го освои сребрениот медал во категоријата до 80 килограми.
Додевски извојува победи против натпреварувачите од Димитриос Манолопулос од Грција и Жулио Фереира од Португалија, а во полуфиналето е поразен од домашниот борец Јордан Колев. Првото место го освои Николас Кортен од Белгија, втор е Колев, додека Филип на пиедесталот за бронзениот медал беше рамо до рамо со Дамон Самсун од Британија кој е светска ѕвезда во овој олимписки спорт и актуелен освојувач на среброто на последното Светско првенство во Кореа.

Со овој медал Филип се вклучува во треката за обезбедување норма за Олимписките игри во Токио 2020, бидејќи медалот му носи бодови на светската ранг листа.

Да потсетиме дека Додевски досега има четири јуниорски медали на Г1 ранг турнири, а ова му е прв настап како сениор на Г-1 турнир.

Денеска се бореа и Анамарија Георгиевска и Марко Аврамовски кои загубија во првите кола. Јуниорката Анамарија денеска настапи како сениор. Утре на татамито ќе излезат европскиот шампион Дејан Георгиевски и Иван Крстевски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО