Филип Божиновски славеше со прекин во1.рунда на ММА настанот СБЦ 47

Филип Божиновски синоќа славеше против Романецот Луциан Драгомир со полуга на рака(армбар) во првата рунда на ММА настанот СБЦ 47 во Сомбор, Србија.

Додека вториот наш претставник Игор Додевски во професионалното ММА деби изгуби со судиска одлука, тоа е прв пораз по 12 последователни аматерски и полупрофесионални победи.

„Исцрпувачки три рунди и премногу технички грешки кои не чинеа пораз. Ова е и лекција која мора да научи. Имаше грешки таму каде што сме најсилни, но овај спорт има голема тежина и одлучуваат мали моменти за тоа како ќе се одвива цела борба“, изјави тренерот Сашко Мирчевски и нагласи:

„Продолжуваме напред! Веќе од понеделник сме во сала и ќе се работи за следните турнири и борби. За Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО