Филип Божиновски: Ќе го дадам максимумот пред битолската публика!

bozinovski-ivarlak-plakat-isfa

Филип Божиновски кој остави одличен вепачток на ММА турнирот во Велес, иако мечот остана без одлука од технички причини, на 3 декември настапува пред домашната публика во Битола на големиот настан на ИСФА против Романецот Илија Иварлаг.

Покрај професионалните борби се одржува и Европското првенство во граплинг и ММА за аматери на ИСФА.

filip-bozinovski-kluc-vo-veles

„Подготовките се во тек. Тренинизите продолжуваат напорно како и секогаш во Ниџицу клубот Битола. Тренирам индивидуално по два тренинзи, при што се трудам да се подобрам на физичко ниво. Со мојата екипа одработуваме техничко-тактички модели и секој ден правиме силни спаринг тренинзи“, вели Божиновски.

Mircevski soBardov i Bozinovski

Тој истакнува дека во моментов се наоѓа во добра кондиција поради подготовките за турнирот во Црна Гора на кој освои три златни медали и да биде апсолутен победник и освојувач на награда. Затоа тој се надева дека истиот квалитет на борба ќе го прикаже и во Битола.

„Ќе го дадам максиумот од мене за тоа да биде добра борба. Имам добра екипа со која се подготвувам. Доста млади борци кои собираме искуство во Македонија, па ако даде Господ, нашите цели за некоја година ќе бидат на турнири во Европа, каде што ќе договори борби нашиот менаџер и тренер Сашко Мирчевски. Засега се оди одлично. И, се трудиме да бидеме попрофесионални, колку што дозволуваат условите“, истакнува Божиновски.

Филип не знае ништо за противникот. Ниту борби има до сега, ни со кои вештини располага.

isfa-plakat-so-curino

ИСФА – Битола:

лесна

Филип Божиновски (Македонија) – Илија Иварлак (Романија)

Златко Петровски (Македонија) – Тоен Нгујен (Бугарија)

бантам

Теодор Буколов (Бугарија) – Даниел „Тигар“ Неделков (Бугарија)

средна

Борче Телевски (Македонија) – Делчо Димитров (Бугарија)

Веселин Вучев (Бугарија) – Тони Маркулев (Бугарија)

велтер

Виктор Александров (Бугарија) – Владислав Генов (Бугарија)

Живко Стоименов (Бугарија) – Блажо Дардов (Македонија)

Станислав Енчев (Бугарија) – Данијел Арангеловиќ (Србија)

леснотешка

Димитар Димитров (Бугарија) – Андерс Ериксон (Шведска)

Игор Лазарески (Македонија) – Петур Петров (Бугарија)

перолесна – борба за европската титула на ИСФА

Ристо Димитров (Македонија) – Амел Шабановиќ (Црна Гора)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО